Strength

Strength
Карактеристики:
Комплексност 82%
Губење на масни наслаги 75%
Издржливост 78%
Забава 53%

Вежбањето со отпор или со тегови не само што ја зголемува силата на мускулите, неговата издржливост и перформанс, туку исто така, му помага на телото да закрепне од секојдневниот физички стрес и да го смени вашиот изглед. Само два пати неделно вежбање може да помогне да се избегнат низа негативни последици по здравјето. Доколку не практикувате вежбање со отпор, секоја од следниве придобивки свртете ја за 180 степени и ќе ги видите последиците.

Топење на мастите, контрола и одржување на телесната тежина.
Една од предностите на вежбањето со отпор е тоа што ваквото вежбање ви овозможува да имате повито тело. Одржувањето или зголемувањето на мускулната маса овозможува согорување на повеќе калории. Вашето тело работи со поголема брзина на метаболизмот, тоа овозможува полесно да одржување или намалување на телесната тежина.
Забрзан метаболизам:
Ако имате поголема мускулна маса, метаболизмот е побрз и вие согорувате повеќе калории бидејќи метаболизмот на мускулите е поактивен.
Зголемено согорување на калории за време на тренингот со отпор
Секоја активност, вклучително и тренинг со отпор ги согорува калориите и придонесува за подобра физичка кондиција.
Зголемено согорување на калории после тренингот
Енергичниот тренинг со отпор го продолжува согорувањето на калории за 30-60 минути или подолго после завршувањето на тренингот.
Намален крвен притисок за време на одмарање
Доколку имате висок крвен притисок или сте близу до таа граница, општо прифатено мислење е дека вежбањето со средно ниво на отпор и повторување на вежбата 15-20 може да предизвика несвестица. Здравата исхрана и вежбањето можат да го намалат високиот крвен притисок. Консултирајте се со лекар за да добиете определени препораки.
Намален ризик за дијабетес
Дијабетесот се појавува како резултат на неспособноста да се контролира нивото на шеќер во крвта. Инсулинот кој го излачува панкреасот го контролира нивото на шеќер во крвта. Како што старееме, се здебелуваме и сме се понеактивни, така мускулното ткиво кое преостанало не ги слуша наредбите што ни ги испраќа инсулинот. Решение: подигајте тежина, зголемете ја мускулната маса и намалете ја телесната тежина.
Позитивни промени кај нивото на холестерол.
HDL холестеролот (добриот холестерол) се покачува првенствено со вежбање и губење на мастите. Се разбира, правилната исхрана (т.е. соодветен избор на храна) е многу важна за намалување на штетниот LDL холестерол (лошиот холестерол) и триглицеридите.
Намален ризик за појава на остеопороза и зголемена содржина на минерали во коските.
Вежбите со тегови ја зголемуваат густината на коските и со тоа го намалуваат ризикот од појава на остеопороза. Истражувањата покажале дека ако се практикуваат вежби со тежина во текот на 4 месеци, тоа може да доведе до зголемување на густината на коските до 19%. Посилно тело кое е помалку подложно на повреди
Посилното тело е помалку подложно на повреди
Посилните мускули ја зголемуваат густината и јачината на тетивите (кои ги поврзуваат мускулите со коските) и лигаментите (кои обезбедуваат цврстина на зглобовите преку поврзување на коска со коска). Посилните мускули ви овозможуваат подобро да работите и вежбате и со помал ризик од повреда на мускулите, тетивите, лигаментите и зглобовите.
Поголема лична независност
Многу луѓе ја губат својата слобода поради затоа што ја губат способноста за движење. Ќе бидете физички посилни. Вежбањето со тегови може значително да ве направи посамостојни и видливо посилни. Така нема да имате потреба постојано да барате помош при извршувањето на секојдневните обврски.
Подобрено држење
Јачината и флексибилноста се од клучно значење за подобрување на држењето на вашето тело. Имате многу поголеми шанси да изгледате и да се чувствувате подобро! Подобар физички изглед Вежбањето со отпор ќе го промени вашиот изглед. Ако не верувате во ова, споредете еден атлетичар кој го тренира сао кардиоваскуларниот систем и атлетичар кој вежба со отпор и практикува аеробик активност.
Поголема самодоверба
Ќе се чувствувате посилно, ќе изгледате посилно и ќе мислите за себе дека сте посилни. Всушност, вие навистина ќе бидете посилни!
Важноста на тренингот со отпор
Во секојдневниот живот, позитивните резултати од тренингот со отпор се многубројни. Голем број возрасни, но исто така и млади луѓе изјавуваат дека they get a "kick" out of their new body. Или протолкувано на македонски јазик – како да имаат дополнителна сила која надоаѓа од нивното ново тело. Тие постигнуваат рамен стомак, нешто што само со пешачење не би го постигнале, или добро обликувани раце. Стојат исправено и дигањето на тешки работи повеќе не претставува проблем, а нивото на енергија е многу поголемо. Пораката е повеќе од јасна. Тренингот со отпор може да стори многу повеќе за вашето тело од другите типови на вежбање. Неодамнешните истражувања покажаа дека еден од најважните чекори за забавување на процесот на стареење е токму тренингот со отпор.

Останати активности