Power Plate

Power Plate
Карактеристики:
Комплексност 65%
Губење на масни наслаги 62%
Издржливост 75%
Забава 82%

Power Plate ги користи на принципите на Acceleration Training за стимулирање на телесниот природен одговор на вибрации. Научните истражувања покажаа дека со користење на Power Plate за краток временски период можат да се зголемат силата и флексибилноста, како и тоа да се обезбедат забележителни подобрувања на метаболизмот и циркулацијата. Телото мора потсвесно да контрахира различни мускулни групи, со цел да остане избалансирано во текот на вибрациите што ги предизвикува Power Plate. Токму оваа константна тензија на мускулите е тоа што ја прави овааа справа толку ефективна. Тоа што нема никаков притисок и што е неверојатно нежен со зглобовите и тетивите е погоден за секого.

Неодамнешните проценки покажаа дека скоро две третини од новите членови на здравствените и фитнес установите претходно биле членови на друг клуб. Ова покажува дека доколку модата продолжи, здравствената и фитнес индустријата ќе нема вистински нови членови. Ако кон ова го додадеме фактот дека 16% од британската популација е постара од 65 години и дека овој процент се зголемува, треба да се прашаме што може да се направи за да се зголеми бројот на нови членови.

Кога ги прашавме луѓето, ги набројаа следниве причини поради кои не се зачленуваат во клубови или заради кои се задржуваат на индивидуални физички активности:

  • Физички пренапорно
  • Премногу компликувано
  • Немање доволно време
  • Неудобност во присуство на многу луѓе
  • Лоши претходни искуства
  • Целите не се постигнати или очекувањата не се исполнети
  • Чувство на недостаток на поддршка

Од психолошко гледиште овие ставови можеби изгледаат комплицирано и со длабока основа и едноставно треба да се прифатат, а не да се разгледуваат.

Предизвикот е да се најде начин да им се помогне да го сменат мислењето во врска со физичката активност. За прв пат Power Plate нуди форма на вежбање со која може да им се помогне да ја постигнат целта. Со тоа може да им се помогне на таа група луѓе да ги постигнат ефектите и промените кои, всушност, тие ги посакуваат длабоко во себе.

Целта на оваа презентација е да овозможи целосен преглед на Power Plate и на неговата работа. Исто така, овозможува студии и истражувања за ефектите од вежбање со целосна телесна вибрација во различни здравствени услови.

ШТО Е POWER PLATE?

Power Plate е една од највозбудливите технолошки предности во полето на спортската медицина, атлетиката, здравјето и фитнесот. Користејќи ги принципите за вежбање со целосна телесна вибрација, Power Plate може да им помогне на луѓето при спортување, да го подобри фитнесот и да го забрза оздравувањето од повреда.

Здравствената, фитнесот и спортската индустрија се полни со мода и пријателства. Често ваквите активности се потпираат на недокажани тврдења со мали истражувања или докази со цел да ги поддржат и резултатите не го оправдуваат публицитетот. Но ова не е случај со вежбите со целосна телесна вибрација, кои веќе 30 години се во пракса и има научни истражувања кои ја поддржуваат ефикасноста. Стана јасно дека ваквиот начин на вежбање е валиден, ефикасен и во пораст.

Вежбите за целосна телесна вибрација ги имаат следниве предности:

  • Пократок период на вежбање - ист резултат
  • Зголемена мускулна сила
  • Подобрена флексибилност
  • Интензивна стимулација и зголемување на невролошкиот систем
  • Зголемена циркулација на крвта
  • Помош за намалување на болката
  • Зголемена густина на минералите во коските
  • Зголемено ниво на главните хормони: тестостерон, хормон за растење,
  • IGF-I и серотонин
  • Масажа
  • Намалување на нивото на кортизол (хормон на стрес)
  • Зголемен баланс и координација

Како што продолжуваат истражувањата, сè повеќе и повеќе учиме за придобивките од ваквото вежбање.

Иако во истражувањата се користат различни варијабили за вибрации и методологија, сите укажуваат на придобивките од вежбите со целосна телесна вибрација. Во моментов се одвива друго истражување за користа од Power Plate за физичката состојба и за здравјето.

Историја на целосната телесна вибрација

Додека целосната телесна вибрација изгледа како бренд на нова технолошка иновација, употребата на вибрациите за терапевтски потреби, всушност, датира од старите Грци кои ги користеле за заздравување на повредите. Справата која ја користеле изгледала како парче ткаенина со едниот крај завиткана околу повредениот дел од телото, а другиот дел заврзан за подвижна пила која ги произведувала вибрациите. На крајот на 19 век, познатиот физичар Џон Харви Келог користел механички вибрации за да ги лечи пациентите во санаториумот Бетл Крик.

Целосната телесна вибрација се базира на ритмична невромускулна стимулација, која датира од 1960 кога професорот В. Биерман од поранешната Источна Германска Република ја опиша како „циклична вибрација“, способна да ја подобри состојбата на спојките релативно брзо.

Рускиот научник Владимир Назаров стана првата личност која ги користела вибрациите во својата најпозната апликација - Биомеханичка стимулација. Со оваа технологија беше во состојба да ги истражува автоматските мускулни контракции и автоматските движења. Оваа информација споена со претходните знаења за автоматските движења даде одговор на многу прашања поврзани со невромускулната контрола. Руската вселенска програма користи целосна телесна вибрација за да им овозможи на своите космонаути да останат во вселената подолго без искусување непријатни реакции. Балетаните со помали мускулни повреди, како Ахил Тендонитис, откриле дека вибрациите помагаат при заздравувањето. Исто така, тие откриле дека нивната мускулна сила и височината на скокот се зголемиле со само четвртина од напорот или времето потребно за традиционалните методи на вежбање. Ова водеше кон тоа многу руски олимпијци да ја вклучат целосната телесна вибрација во својата програма на вежбање. Оттогаш, и многу други спортисти ги открија придобивките од ваквото вежбање. Во 1999 Гус ван дер Мер, тренер на германскиот олимписки тим, почна да ја тестира реакцијата на здрави волонтери на вежбање со целосна телесна вибрација. Врз основа на позитивни резултати, тој ја разви Power-Plate и постави посебна програма на вежбање за да ги задоволи барањата на здравствениот и фитнес секторot. Сега Power-Plate го користат секаков тип на луѓе, од спортисти за подобрување на изведбата, до индивидуалци кои сакаат да го подобрат изгледот и оние кои сакаат да си го подобрат здравјето.

Случаи низ историјата

Дороти Меккулер – ишијас

Дороти Меккулер разви ишијас во 2001 година на работа од дигање топови летоци и флаери. Одвај можеше да оди и имаше константни болки. Таа се обиде со секакви неуспешни терапии и со физикална терапија во болница од која болката ја снемуваше само повремено. Нередовното вежбање направи таа да ја зголеми телесната тежина и со ова да го спречи натамошниот процес. Во февруари 2005 таа виде оглас во весник за Power Plate и присуствуваше на презентација во студиото на улицата Крафорд. На почетокот таа беше толку здрвена што одвај можеше да се движи. По само 5 месеци таа можеше да ги прави сите вежби, го надмина почетничкото ниво и дури малку можеше да трча. Дороти не може да не го почитува Power Plate. Ја подобри својата физичка состојба и изгуби од тежината. Сега таа вежба 2 пати неделно по 30 мин.

Кеј Смит – остеопороза

Кеј Смит, пак, ги откри придобивките по тестот за густината на коските кога имаше 50 год., и кој покажа дека таа има изгубено 20% до густината за само 2 год. Ѝ беа препишани лекарства, но таа не се согласуваше со тоа да зема лекарства за да се бори со болеста. Таа почна да вежба Power Plate 3 пати неделно во декември 2004 год. По само 8 месеци густината на нејзините коски се зголеми за 3,5% во половината, 2,5% во десниот колк и 0,4% во левиот колк. Таа вели дека му е навистина благодарна на Power-Plate за сè што направил за неа.

Маријан Харис - скршен грб

Маријан имаше 55 год. кога претрпе сообраќајна несреќа во која си го скрши `рбетот, имаше фрактура на черепот и скршени ребрата. Помина 3 недели на интензивна нега на машина пред да ѝ го оперираат грбот и пред да биде вратена назад во Англија. Помина 6 месеци во кревет и во еден инвалидски стол и имаше константни болки. Нејзините мускули биле толку здрвени и болките во грбот толку големи што ѝ биле потребни 2 часа за да се облече. Нејзиното прво искуство со Power Plate пред 18 месеци ѝ го промени животот. Таа седна на него 1 минута на опцијата за опуштање на грбот и кога стана, немаше болка во грбот прв пат по сообраќајната несреќа. Во 2004 си купи свој Power Plate и отвори студио наменето за лица со остеопороза и артритис. Сега може повторно да танцува и иако некогаш се движи со бастун, веќе не го користи инвалидскиот стол. Таа вели дека по сообраќајната несреќа била здрвена и дека Power Plate и помогнал да ја снема болката и да и се врати јачината. Вели: „Штом го пробав еднаш, знаев дека морам да го имам“.

Мајк - проблеми со `рбетот, нозете

Братот на Маријан Харис, Мајк има искуство со многу физички проблеми заради истегнување на ногата кога имал 11години. Тој страдал од континуирана болка, но тоа му поминало кога ја користел справата на неговата сестра. Користејќи ја справата, не само што ја намалил болката, туку и добил поголема подвижност во колкот. „Тој не ја користи справата колку што е потребно затоа што е зафатен. Секогаш се појавува пред мојата врата кога чувствува болка или кога знае дека ќе биде во движење цел ден. 5мин. вежбање на неговите нозе и цел ден е без болка“, вели неговата сестра.

Рас - спондилоза

Рас кој имал спондилоза 12 години, претходно не вежбал. Во септември 2005, првин почнал со фитнес и бил советуван од тренер да користи Power Plate. Со помош на справата, прв пат по 12 години успеал да го опушти телото. „Power-Plate стана мојот нов најдобар пријател. Неговите вибрации ги релаксираат сите затегнати мускули. Прави да се смеам и им овозможува на моите мускули да го прават она што треба да го прават. Прекрасно парче технологија, потполно ми го смени животот“, вели тој.

Power plate во пракса

Начинот на кој реагира телото на целосната телесна вибрација има ефект на резултатите кои ги предизвикува. Најважните објаснувања се подолу.

Поголема сила

Во секојдневниот живот гравитацијата има најголем ефект на мускулниот развој. Посебните програми за вежбање кои се креирани за да ја подобрат мускулната сила се користат со брза промена на гравитацијата која го зголемува влијанието на мускулната структура. Тежината и други форми на отпор се користат за да го подобрат ова. Мускулната сила се зголемува преку вежбите со отпор кога сето тоа е проследено со соодветен протокол. Ова е наречено супер компензација.

Останати активности